Претпоследниот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од шик фармерки со везени цветни апликации и црвена кошулка со широки ракави. Бидејќи и денеска времето е супер, комбинацијата надополнете ја со куса јакничка од превртена кожа и чизми во слична нијанса. Чантата е во иста боја како останатите парчиња од комбинацијата, а секако карминот секогаш неодолив.

Имајте супер ден! 

Објавено:
23 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
739 пати