Во нашиот денешен предлог за стајлинг на денот доминира џинсот. Се ближи крајот на работната недела, па некако се чувствуваме опуштено и весело за претстојниот викенд, а токму таква е и нашата комбинација.

Џинсот е светол и искинат, тренд што доминира и ова лето. Го комбинираме со кошулка во риги. Во горниот дел има ластици и е со голи раменици, а ракавите се ѕвонести, уште едно од актуелните трендови сезонава.

На стајлингот додаваме сандалки во иста нијанса со џинсот, украсени со реси, а чантата е со џинс апликација.

Ленонките се наш избор кога се очилата за сонце во прашање. 

Ви посакуваме убав четврток!

Објавено:
27 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
322 пати