Денешниот предлог е полежерна и удобна, а сепак тренди комбинација. Се одлучивме за џинс со пошироки ногавици и подвиткани. 

Фармерките ги комбинираме со широка кошула на риги. Во горниот дел има ластик, па може да се носи така што ќе ги откриете рамениците, или пак можете да ја поставите асиметрично. 

Ракавите се исто така пошироки и се врзуваат во панделка на крајот, па секако е пријатна за носење на топлите температури.

Сандали со ремчиња во неутрална беж нијанса се нашиот избор за обувки, а чантата може да биде и во некоја друга нијанса или со некој друг принт.

На крајот додаваме интересен ѓердан и со тоа ја заокружуваме комбинацијата.

Имајте убав ден!

Објавено:
30 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
415 пати