Претпоследниот ден од работната недела повторно го дочекавме со прекрасно сонце надвор, па да се дотераме убаво и да ги завршиме сите обврски на време.

Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со крем џемперче, а комбинацијата ја надополнуваме со стилско капутче во неодолива „пудра“ боја.

Стајлингот заокружете го со чизми на висока потпетица во крем нијанса и чанта со принт во исти нијанси.

Накитот денеска е сребрен, а со вас задолжително понесете ги и очилата за сонце, бидејќи ќе уживаме во текот на целиот ден.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
17 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
753 пати