За денеска подготвивме една полежерна комбинација. Нашиот предлог е потемен тесен џинс со висок струк. Го комбинираме со блуза во пастелна беж нијанса, која има волуменозни ракави, карнери и врвки што ја прават интересна.

На тоа додаваме обувки на платформа во слична нијанса со блузата. Комбинацијата ја заокружуваме со чанта со дискретен принт во тегет нијанси, како и очила за сонце.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
3 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
610 пати