Добро утро. Веруваме дека денот го започнувате со нас, а ние го започнуваме со рубриката „Стајлинг на денот“.

Со оглед дека сите (или барем повеќето) сме дома, денеска одлучивме да ви презентираме една лежерна комбинација, одлична и за во домот, но и за надвор од него, доколку имате некоја итна потреба или треба да претрчате до најблиската продавница.

Нашиот денешен предлог се фармерки, во комбинација со бела обична маичка и краток џемпер, односно кардиган, кој во случајов има малку поволуменозни ракави.

Дискретен накит е добредојден секогаш.

П.с. девојката на фотографијата има шолја кафе и чоколадо, не е лош начин за да се започне денот, зар не? 

Седете дома, читајте не', уживајте со семејството, пуштете добра музика и чувајте го здравјето.

Ви посакуваме да имате убав ден и добро расположение.

 

Објавено:
19 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
523 пати