Добро утро! Уште еден ден нè дели од викендот, па се одлучивме денешниот предлог да биде полежерен и топол.

Омилените фармерки можете да ги искомбинирате со долга кошула, која пак ќе ја усогласите со топол пократок џемпер.

На тоа додадете беретка, која и оваа зима е апсолутен хит.

Иако на фотографијава не се гледаат обувките, оваа комбинација е совршена за со чизми до глужд или патики. Ако сте позимурливи, додадете на комбинацијва потенок капут или мантил.

Стајлингот заокружете го со чанта и дискретен накит.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
28 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
998 пати