Четврток во елегантна кошулка и крем капут
•
7 февруари 2019
Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски температури од минатите денови, но секако треба да блеснеме во полн сјај.
Денеска носиме елегантна кошулка во пруги и ја комбинираме со црни фармерки со висок струк и лакирани чизми во иста боја.
Целиот акцент на денешната комбинација го ставаме на стилскиот капут во крем нијанса и шик чантичката која е совршено надополнување.
Што се однесува до модните додатоци, очилата за сонце и едноставните сребрени обетки се и повеќе од доволни.
Имајте супер ден!