Претпоследниот ден од работната недела поминете го во елегантно издание составено од тесно здолниште до колената во прекрасна крем нијанса. Комбинирајте го со стилска кошулка со цветен дезен што денеска ќе направи да се чувствувате навистина женствено. Бидејќи времето и денеска се очекува да биде облачно и помалку студено, комбинацијата надополнете ја со стилско палто. Одберете и елегантни чевлички во црна боја и тренди чанта во иста нијанса. Со кармин во неодолива нијанса и широка насмевка, уживајте во претпоследниот ден од работната недела!

Објавено:
17 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
949 пати