И денеска времето е со одлични температури, па носиме комбинација составена од неколку шик парчиња соодветни за оваа сезона.

Носиме фармерки во светла нијанса со висок струк и ги комбинираме со нежно џемперче во светло кафена нијанса со длабоко деколте.

Бидејќи се чини дека денеска нема да врне, без проблем комбинацијата надополнете ја со рамни чевли со шнола во предниот дел.

Носиме и едноставна чантичка и очила за сонце кои се чини дека денеска ќе ни бидат потребни.

 

Објавено:
1 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
924 пати