Се ближи крајот на работната недела, но и на годината. Во тек се предновогодишните дружења и забави, па затоа стајлингот на денот ни е посвечен.

Нашата предлог-комбинација за денес е составена од здолниште со светки, кое ја следи линијата на телото и е со висок струк, што ќе ви ја истакне половината и асиметрична блуза од кадифе.

И светките и кадифето се апсолутен тренд периодов, па еве една идеја како можете да ги комбинирате заедно.

На тоа додаваме црн капут на преклоп, како и црни салонки и чанта од кадифе. На чантата има светкави апликации во нијанси како на здолништето. Темновиолетовиот кармин ќе биде доволно впечатлив, а од друга страна и ќе ја потсмири комбинацијата, во која сигурни сме ќе бидете забележани.

Имајте весел четврток!

Објавено:
28 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
714 пати