За овој четврток подготвивме една младешка и модерна комбинација.

Карираните дезени, како и крзнените детали се апсолутен тренд кога е оваа сезона во прашање, па токму нив денеска ги имплементираме во предлогот за стајлинг на денот.

Тесните карирани панталони ги комбинираме со џемпер во бела нијанса со крзнена јака во вино нијанса. 

На тоа додаваме сив капут со широка јака, на кој можете да додадете и ремен и некој шал.

Комбинацијата ја комплетираме со црни чизмички до глужд на врзување и карирани детали во задниот дел, како и плетена чанта во иста нијанса со јаката на џемперот.

Имајте убав ден!

Објавено:
23 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.009 пати