Карираното здолниште е нешто што оваа сезона девојките обожаваат да го носат, па денеска одбравме едно такво и го комбинираме со едноставна црна ролка.

Ова се две парчиња кои се вистински класик и кои секоја девојка мора да ги има во плакарот за разни ситуации.

Бидејќи наутро и навечер температурите се навистина ниски, комбинацијата надополнете ја со оваа шик јакна во црна нијанса со крзно околу вратот и стилски чизми на потпетица.

Чантата е едноставна и црна, а од модни додатоци носиме едноставен црн часовник.

Објавено:
18 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
983 пати