Убавото време повторно ни се врати, па за разлика од вчера кога носевме џинс, џемпер и мантил, денеска имаме една поразиграна комбинација.

Нашата денешна предлог-комбинација се состои од волнено колор-блок здолниште. Го комбинираме со блузичка во вино нијанса, но со оглед на тоа дека на здолништето има четири бои, можете да употребите било која друга ако оваа не ви е омилена.

На ова додаваме чизмички до глужд, во слична нијанса со блузата, а комбинацијата ја комплетираме со сива чантичка и сива плетена наметка.

Карминот е секогаш задолжителен.

Имајте убав ден!

Објавено:
9 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.235 пати