Четврток во крем комбинација со палто со животински принт

31 октомври 2019

Претпоследниот ден од работната недела го започнавме со малку пониски температури и облачно време како што беше најавено, па тоа секако значи ведра комбинација.

Одбравме кожено здолниште во крем нијанса и го комбинираме со ролка во слична боја, за одозгора да го надополниме со стилско палто со животински принт.

Стајлингот истакнете го со чизмички со сличен принт како палтото, зелено венче, впечатливи обетки и за најхрабрите, чорапчиња во слична боја како венчето.

Уживајте во денот!

Објавено:
31 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.143 пати