Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски температури и конечно можеме малку да се освежиме. Денеска носиме шармантно бохо фустанче со долги ракави и го комбинираме со рамни лакирани чевли. Женствената комбинација истакнете ја со овие слатки сребрени обетки во форма на ѕвезди и оваа интересна чантичка со апликација во предниот дел. Со оглед на тоа дека времето денеска е посвежо, можете повеќе да ја истакнете шминката со кармин во некоја интересна боја и впечатливи трепки.

Уживајте во прекрасниот четврток! 

Објавено:
8 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
561 пати