За денеска ви подготвивме една пролетна комбинација. Се одлучивме за фустан во маслинесто зелена нијанса. Ракавите се волуменозни, а на половината има и ремен што се врзува во панделка.

Во долниот дел на фустанот има лежерен карнер. На крајот, комбинацијата ја заокружуваме со чевли и чанта во бисерно бела нијанса.

На крајот додадете кармин во некоја розова нијанса, на пример, и подготвени сте!

Ви посакуваме убав четврток!

Објавено:
29 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
667 пати