Овој четврток се разбудивме со надеж дека денот ќе го поминеме со сонце, а засега така и изгледа дека ќе биде. Денеска носиме фармерки во светла боја со висок струк и ги комбинираме со нежна бела блузичка со цветна апликација во предниот дел. Бидејќи утрата сѐ уште се студени, комбинацијата задолжително надополнете ја со ова сиво палто кое е неверојатно стилско и белите патики како едни од најпосакуваните парчиња сезонава. Кога станува збор за модните додатоци, денеска единствено го носиме ова слатко ранче во сребрена нијанса и очилата за сонце, а секако не заборавајте го и сјајот за усни кога се работи за шминка. 

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
560 пати