Добро утро! Денешниот ден го започнуваме со женствена комбинација, која лесно можете да ја вклопите и во деловен, но и секојдневен стил.

Стајлингот е составен од миди молив здолниште со пепито дезен. Шлицот напред придонесува за секси нота. Во комбинација со топла блуза во пастелна нијанса или доколку сакате можете и некоја поинтензивна.

Комбинацијата можете да ја заокружите со високи чизми или чевли, секако капут и чанта.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
30 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.111 пати