Претпоследниот ден од работната недела поминете го во супер впечатлива комбинација составена од најкул фармерките што сме ги виделе во последно време и оваа топла и нежна црвена ролка. Стоплете се со една од најпосакуваните јакни на сезонава, кожена и полна со топло вештачко крзно, а комбинацијата украсете ја со оваа интересна чанта, црните чизми до глужд и секако зимската капа со крзно која е задолжителна за овие студени денови.

Имајте супер четврток! 

Објавено:
26 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
251 пати