Претпоследниот ден од скратената работна недела поминете го во модерна комбинација и малку потопли парчиња со оглед на пониските температури кои и денеска нѐ пречекаа. Носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со оваа модерна кошула во црно – бели пруги со врзување во предниот дел. Комбинацијата надополнете ја со ова сиво палто со кое ќе се стоплите и со овие сребрени чевли кои совршено си одговараат со останатите парчиња од комбинацијата. Чантата е сива како поголемиот дел од парчињата, а што се однесува до модните додатоци, единствено носиме очила за сонце.

 

Објавено:
20 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
653 пати