Претпоследниот ден од работната недела поминете го во нежни зимски нијанси како што впрочем му одговара на денешното студено време. Носиме шик кожени панталони, малку поинакви од оние на кои навикнавме и ги комбинираме со топол џемпер ролка во сина нијанса. Чизмите денеска се високи до глуждовите, а чантата прекрасна и во боите на денешната комбинација. Бидејќи утрата се навистина студени, задолжително комбинирајте го и ова кусо сиво капутче кое покрај тоа што ќе ве стопли, ќе и даде поинаква и впечатлива димензија на вашата комбинација.

Уживајте во прекрасниот ден!

Објавено:
10 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
712 пати