Овој четврток го боиме во сини нијанси. Нашиот денешен предлог се панталони со цветен принт. Основата на панталоните е бела, цветовите се сини, а она што ги прави уште повпечатливи е асиметричниот крој во предниот дел кој завршува со панделка околу половината.

Ги комбинираме со широка блуза-кошулка во истата сина нијанса. Ракавите се подвиткани, а во предниот дел има и патент. Инаку, и овој горен дел има асиметричен крој, но од спротивната страна од панталоните, што ја прави комбинацијата исто така интересна.

На крајот, стајлингот го заокружуваме со црвени балетанки, чанта во истите нијанси и очила за сонце.

Иако го нема на фотографијата, не излегувајте од дома без чадор, бидејќи времето е максимално променливо.

Без разлика на тоа, ви посакуваме убав четврток!

Објавено:
26 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
613 пати