Овој сончев четврток заслужува пастелна палета на бои. Не двоумете се, денеска во вашата комбинација да имплементирате позитивни, светли нијанси, како на пример пастелно розова.

Ултра популарниот топол и мек капут до колена, во розова боја, комбинирајте го со искинат џинс. Ако имате прилика, овој стајлинг заокружете го со салонки исто така во розова нијанса, а како неизбежни модни додатоци кои ќе му дадат шик нота на целиот изглед, одберете шешир во сива боја и мала чантичка за преку рамо.

Објавено:
11 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
805 пати