Четврток во пастелни нијанси и панталони со висок струк

10 август 2017

Овој четврток одберете парчиња во пастелни тонови.

Ние ви предлагаме стилски панталони во широк крој со висок струк, со врзување во панделка - во нежно розова боја.

Панталоните комбинирајте ги со маичка од тантела и апликации во пастелни нијанси, што совршено ќе се вклопат во комплетниот аутфит.

Стајлингот заокружете го со шик чевли на ниска потпетица, во нежно сина боја.

 

Објавено:
10 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
347 пати