Добро утро! Зимата ни се врати, но тоа не значи дека ние не треба добро да изгледаме. За денес имаме деловна, а сепак женствена предлог-комбинација.

Комбинацијата е составена од плисирано здолниште во виолетова нијанса, бела нежна блуза и црно долго палто.

На тоа се додадени високи бели чизми и колор-блок чанта во склад со споменатите бои.

Секако дека вие можете да си направите ваша комбинација на бои и парчиња, сепак се надеваме дека со денешниот стајлинг успеавме да ве инспирираме за некоја пригода.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
20 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.446 пати