Утрово се разбудивме со супер сончево време во главниот град, па без проблем од плакарот одберете ги омилените широки свилени панталони. Денеска носиме едни токму такви со црна основа и розови цветови и ги комбинираме со лесна розова блузичка. Бидејќи надвор е вистинска пролет, слободно комбинацијата надополнете ја со стилски сандали во розова нијанса со слатка панделка во предниот дел. Чантата е во слична нијанса, а шминката неодоливо нежна!

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
536 пати