За денеска ви подготвивме една комбинација со француска нота. Нашиот предлог е кожено здолниште во беж нијанса, кое го комбинираме со црна ролка.

На тоа додаваме чизми до глужд исто така во црна боја и црна беретка, украсена со бели бисерчиња.

Иако го нема на фотографијата, комбинацијата комплетирајте ја со капут во беж или некоја друга нијанса, а за да го разиграте стајлингот можете да облечете и дезенирани хулахопки.

Како моден додаток можат да дојдат предвид и очила за сонце. 

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
31 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
710 пати