Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце во главниот град, а тоа веднаш значи подобро расположение.

По тој повод, денеска одбравме парчиња во супер позитивни бои и целата комбинација изгледа неверојатно шик.

Носиме здолниште во А крој во крем нијанса и го комбинираме со розово џемперче, а одозгора топло крем капутче со вештачко крзно.

Комбинацијата збогатете ја со чизми на висока потпетица, чанта во слична нијанса и шик капа за со која ќе се стоплиме.

Имајте убав ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
27 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
588 пати