Да го разведриме овој тмурен четврток со тоа што ќе одбереме свежа, стилска и модерна комбинација за денешниов ден.

Направивме спој на неколку тренди парчиња, што во целина изгледаат компактно.

Сакото со „пепито“ дезен го комбиниравме со бела ролка и џинс со висок струк.

На оваа комбинација додаваме мини чанта за преку рамо и подготвени сме за работниот ден.

Објавено:
14 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
788 пати