Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со прекрасно сонце и малку повисоки температури од претходните денови, па веднаш расположението е поубаво.

Денеска одбравме прекрасни розови парчиња кои се олицетворение на омилената пролетна сезона.

Носиме розово плисирано здолниште со должина до под колената и го комбинираме со неодолив џемпер во иста нијанса.

Комбинацијата надополнете ја со чизмички до глужд во слична боја како и останатите парчиња и уживајте во денот!

Објавено:
28 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
741 пати