Претпоследниот ден од работната недела поминете го во слатко шик фустанче во црна боја комбинирано со омилените бели јаки. Бидејќи денеска не му се израдувавме на сонцето, фустанчето комбинирајте го со овие црни чизмички до глужд што супер ќе се вклопат во целиот изглед. Овој четврток носиме „училишно“ ранче во елегантна верзија кое е едно од омилените сезонава. За секој случај, не заборавајте ги очилата за сонце за подоцна во денот, а комбинацијата украсете ја и со црна шапка и широка насмевка!

Објавено:
14 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
606 пати