Иако вчерашниот ден го завршивме со дожд, утрово повторно нѐ пречекаа високи летни температури и тоа повторно значи шик летен стајлинг. Денеска носиме неодоливи широки панталони во сина нијанса и ги комбинираме со едноставна маичка без ракави со тропски принт. Бидејќи панталоните се широки, денеска задолжителни се сандалите на висока потпетица, овојпат во нежна крем нијанса кои неодоливо се вклопуваат со чантата. Очилата за сонце и нежната шминка за ова време од годината се задолжителни како и секој ден.

Уживајте во сончевиот четврток! 

Објавено:
15 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
563 пати