Претпоследниот ден од работната недела сакаме да го поминеме во женствено здолниште и шик комбинација и времето нема да не спречи во тоа. Носиме црно здолниште до глуждовите и го комбинираме со ролка во крем боја и чизми со висока потпетица. Бидејќи и денеска времето не ни оди во прилог, комбинацијата надополнете ја со некоја црна јакничка, во случајов тексас кој одлично се вклопи во стајлингот. Чантата е крем во нијанса на џемперот, а зимската шапка и повеќе од потребна.

Уживајте во денот и очекувајте сонце! 

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
608 пати