Претпоследниот ден од работната недела се чини ќе уживаме во прекрасно време, па по тој повод блеснете во пролетно сино фустанче со неодоливи цветни апликации. Веруваме дека во истото ќе се вљубите на прв поглед, со оглед на тоа што е совршен ретро избор за ова лето. Денот поминете го во удобни бели патичиња кои одлично се согласуваат со овој модел, а доколку сметате дека утрово ви е потребна јакничка, тоа нека биде тексас. Чантата денеска е во бела нијанса, а очилата за сонце неодоливи како и секогаш. Што се однесува до накитот, единствено носиме сребрена алка која е сосема доволна.

Уживајте во денот! 

Објавено:
18 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
324 пати