Претпоследниот ден од неделата го дочекавме со прекрасен снег низ Македонија и тоа значи дека треба добро да се подготвиме за да уживаме во него. Без разлика дали денеска сте на работа или пак имате слободен ден, задолжително излезете од дома и уживајте во денот. Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со топла ролка во сива боја. Капутчето е супер стилско и неверојатно топло, а ист е случајот и со овие чизми полни со крзно и сосема безбедни за прошетка по снегот. Заштитете се од студот со слатки ракавички, зимска капа со крзно, а наместо чанта денеска носиме ранче кое е подеднакво шик. 

Објавено:
5 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.021 пати