Претпоследниот ден од работната недела поминете го во шармантна комбинација составена од сиво фустанче со бела јака комбинирано со тренди сиви чизмички до глужд. Бидејќи и денеска се разбудивме со прекрасно сончево време во нашиот град, комбинацијата надополнете ја со црна јакничка со сиво крзно и чанта што одлично одговара на комбинацијата. Украсете го денешниот стајлинг со сребрен накит составен од тренди часовник и повеќе алки. 

Објавено:
3 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
590 пати