Претпоследниот ден од работната недела поминете го во супер стилска комбинација и покрај студот со кој и денеска мора да се соочиме. Носиме шик фармерки со цветни апликации кај џебовите и ги комбинираме со топла ролка во црвена боја која е една од нашите омилени сезонава. Стоплете се со овие модерни чизми во сива боја со кои ќе се заштитите од студот и ќе се чувствувате безбедни во текот на денот. Капутчето денеска е сиво и топло, а истото е случај и со модните додатоци како ракавиците и капата, а и чантата е во таа нијанса.

Уживајте во уште еден студен зимски ден! 

Објавено:
12 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
769 пати