Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со навистина ниски температури што значи дека добро треба да се стоплиме со кул парчиња. Денеска носиме една интересна слоевита комбинација составена од boyfriend фармерки, широка карирана кошула, црно џемперче и топла кожена јакна со крзно. Внесете шик нота во комбинацијата со овие црни чизми на потпетица, а разиграјте ја со темно црвената чанта која е одличен пар на топлата зимска капа.

Уживајте во денот!

Објавено:
22 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
489 пати