Со оглед на тоа дека денеска најавуваат високи температури, нашиот предлог е една вистинска пролетна комбинација.

Се одлучивме за темножолто здолниште на асиметричен преклоп, кое на едната страна има и џеб. Го комбинираме со кошулка на риги, која во долниот дел се врзува, како корсет, па ќе ви помогне да ја истакнете половината.

На тоа додаваме балетанки со животински принт во сина и жолта боја, очила за сонце во истата комбинација и пастелно сина чанта.

На излегување од дома земете го и доброто расположение и уживајте во денот!

Објавено:
12 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
375 пати