Претпоследниот ден од работната недела се чини дека ќе го поминеме со прекрасно сонце во градот, иако утрово температурите баш и не се високи. Во исчекување на потопли денови, денеска блеснете во ова кусо кожено здолниште комбинирано од неколку бои и едноставно црно џемперче што одлично се согласува.

Комбинацијата надополнете ја со оваа црна јакничка која е задолжителна, барем за во утринските часови. Носиме и стилски чизми до глуждовите и ги комбинираме со оваа впечалива мини чантичка во темно црвена боја. Темно црвениот кармин денеска е сѐ што ви е потребно од шминка и секако, широка насмевка!

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
421 пати