На само два дена пред Новата година ние сѐ уште сакаме да се дотеруваме за бројните прослави и убави моменти кои се случуваат во овој период од годината. Денеска носиме удобно плетено фустанче во темно црвена боја и ги комбинираме со високи кожени чизми кои се најдобар сојузник на ваквите фустани. Стоплете се и изгледајте елегантно со ова капутче во црна нијанса, а додајте ѝ на комбинацијата доза шик со ова модерно ранче. Украсете го стајлингот со зимска шапка, кармин во темно црвена боја и прстени.

Имајте супер четврток!

Објавено:
29 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.018 пати