Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце кое кажува дека и денеска ќе имаме топло време.

По тој повод, од плакарот извадете ги најубавите фустани и почнете да ги комбинирате, бидејќи веќе е вистинско време за тоа.

Денеска носиме темно сино фустанче со стилски копчиња во предниот дел како едни од најпосакуваните додатоци сезонава.

Истото го комбинираме со рамни влечки во кафена нијанса и чанта во две комбинации на бои – темно и светло кафена.

Очилата за сонце со интересна форма се must have ова лето, па така и денес одбираме едни навистина шик во кафена нијанса.

Имајте убав ден!

Објавено:
7 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.051 пати