За овој четврток одбравме комбинација во зелени нијанси. Почнува март, месецот на пролетта, па оттаму и нашата инспирација за овие нијанси.

Се одлучивме за прави зелени панталони, кои ги комбинираме со бела блуза, украсена со светкави детали во повеќе нијанси што се прелеваат и ја прават уште поинтересна. Токму поради тоа е совршен избор и за дневни и вечерни комбинации.

На тоа додаваме капут во зелена нијанса, иста со онаа на панталоните. Комбинацијата ја комплетираме со црни чизми до глужд и чанта.

Имајте убав ден и убав месец!

Објавено:
1 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
878 пати