Малку пред крајот на неделата, уживајте во летото кое долго го чекавме. Денеска носиме шармантно фустанче на преклоп во неодолива жолта боја.

 

Ова е еден од најпосакуваните модели за оваа сезона, па доколку сè уште не си набавивте едно, сега е вистинско време за тоа.

Во ова фустанче ќе уживате во текот на целиот ден и ќе се чувствувате навистина прекрасно, без разлика колку обврски имате да завршите.

Го комбинираме со кафени рамни сандали и чантичка во иста нијанса, а за да се заштитите од сончевите зраци, покрај очила за сонце, задолжителни се и интересните сламени шапки.

Уживајте во денот!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
5 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
630 пати