Со оглед на тоа дека е почеток на работната недела, одбравме една црно-бела комбинација, но сепак тренди и во склад со сончевото време.

Сивите широки панталони (во случајов се килоти, но може и да се подолги) ги комбиниравме со романтична бела кошула со принт со птици, еден од најактуелните.

На тоа ја додадовме и црната јакна, со кожени детали. 

Сребрените чевли се вистински погодок за ваква комбинација, бидејќи излегуваат од класичниот шаблон. Можете да искомбинирате и чевли во друга боја, бидејќи сивата и црната го дозволуваат тоа.

Чантата ни е црна, а предниот дел е колор-блок во пастелни нијанси. Со розов кармин и очила за сонце, ќе бидете подготвени за денешниот ден.

Ви посакуваме успешна работна недела.

 

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
660 пати