Уште еден викенд е пред нас, па затоа и денешната комбинација е лежерна. Се одлучивме нашиот петочки предлог да биде темен тесен џинс, кој го комбинираме со црвена тенка блуза со долги ракави и златни копчиња.

Со оглед на тоа дека комбинацијата е поедноставна, предлагаме повпечатливи чевли, како на пример овие во колор блок комбинација и златни детали на потпетицата и во предниот дел. 

На крајот додаваме и чанта во тој стил, како и ленонки во сина нијанса. Црвениот кармин е задолжителен!

Ви посакуваме интересен и забавен петок.

Објавено:
1 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
338 пати