Искористете ја саботата максимално за работите за кои сте немале време во текот на работната недела. Некои вас можеби ќе спијат повеќе, но сигурни сме дека повеќето ќе ја искористат максимално за да се опуштат и забавуваат.

Токму затоа, ние денеска одлучивме да ви предложиме една комбинација совршена за тоа. Црно фустанче со долги ракави и цветни, везени апликации е идеално за многу пригоди. 

Ние го комбинираме со високи црни чизми, капут во пастелно сина и чанта во истата нијанса. Со оглед дека апликациите содржат повеќе бои, имате и поголем спектар на можности што можете да ги комбинирате, а да не е црна.

И секако, понесете го доброто расположение со вас.

Имајте супер викенд!

Објавено:
28 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
759 пати