Петок е и претпоставуваме дека почнувате со плановите за тоа што ќе правите вечерва или викендов. Во контекст на тоа е и нашата денешна комбинација што ја нарековме „Диско петок“.

Одбравме кусо фустанче со долги ракави од светкав материјал. Во делот на околувратникот се врзува црна панделка, што го прави уште поинтересно.

Со оглед на тоа дека остава силен впечаток, остатокот од комбинацијата е смирена. Чевлите се со ремче во предниот дел и широка потпетица, а и чантата е комплетно црна.

На крајот додадете виолетов кармин во темни нијанси.

Имајте супер петок!

Објавено:
2 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
377 пати