Уште еден викенд е пред нас и тоа со убаво време, ако им веруваме на сајтовите за временска прогноза, па искористете го  на најдобар можен начин.

Доколку одлучите да се забавувате, ние го имаме совршениот стајлинг за вас. Нашиот денешен предлог е кратко светкаво фустанче. Во долниот дел завршува со карнер, а во горниот пак панделка, која може и не мора да ја имате.

Го комбинираме со црни чевли на висока потпетица, но можете и со кратки чизми до глужд или пак високи до колена. 

Со впечатлив кармин и плик чанта ја заокружуваме комбинацијата. Вие секако на ова додадете и капут во неутрална нијанса или темновиолетова можеби, доколку имате и забавувајте се!

 

Објавено:
9 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
376 пати